Фотонапонски системи
за правни лица

Потрошувач – производител

Статус потрошувач-производител добива правно лице кое на кровната површина од објектот на компанијата инсталира фотонапонски систем каде дел од произведената електрична енергија ја користи за сопствени потреби, а вишокот на произведена електрична енергија го предава во електродистрибутивната мрежа и го продава на универзалниот снабдувач или друг снабдувач по цена утврдена со Правилникот за обновливи извори на енергија или на слободниот пазар. Правното лице може да склучи договор за продавање на електрична енергија со универзалниот снабдувач или друг снабдувач доколку инсталираната моќност на ПВ системот не е поголема од 40 kW. 

Производител

Статус производител добива правно лице кое на земјиште пренаменето за изградба на фотонапонска централа инсталира фотонапонска централа при што целото производство на електрична енергија го предава во електродистрибутивна мрежа и го продава на универзалниот снабдувач или друг снабдувач по цена утврдена на слободниот пазар.

Понудата вклучува:  

  • Изработка на проект
  • Ревизија на проект за сите три фази
  • Набавка на сите потребни компоненти
  • Помош и насоки за добивање на сите потребни документи за градежна дозвола и приклучок
  • Изведба
  • Инсталација
  • Пуштање во работа