Фотонапонски системи за домаќинства

Потрошувач – производител

Статус потрошувач-производител добива физичко лице кое на својата кровна површина инсталира фотонапонски систем каде дел од произведената електрична енергија ја користи за сопствени потреби, а вишокот на произведена електрична енергија го предава во електродистрибутивната мрежа и го продава на универзалниот снабдувач или друг снабдувач по цена утврдена со Правилникот за обновливи извори на енергија. Максималната дозволена моќност за инсталирање на фотонапонски систем на домаќинство е 6 kW.  

 

Понудата вклучува:

  • Изработка на проект
  • Ревизија на проект
  • Набавка на сите потребни компоненти
  • Изведба
  • Инсталација 
  • Пуштање во работа.