Техно-економски анализи

По барање на клиентите врз основа на потрошувачката на електрична енергија на објектот, предвиденото производство на електрична енергија од ФН системот, откупната и продажната цена на електрична енергија и врз основа на типот на финансирање и договорениот кредит, ГЕГ прави техно-економска анализа која вклучува целосна финансиска анализа и анализа на електричната енергија која може да се замени со инсталирање на ФН системот, графици за производство на електрична енергија од системот на дневно, месечно и годишно ниво.  

За изработка на ефикасни и точни анализи, најпрво се симулира фотонапонски систем во лиценцираниот софтвер PV*SOL premium на конкретната локација, со избрани ФН панели и инвертори со што се добива прецизна симулација на производството на електрична енергија од фотонапонски систем на часовно, месечно и годишно ниво, а врз основа на точни податоци за сончево зрачење од Meteonorm со кои самиот софтвер располага.