За нас
Добредојдовте на веб-страницата на Green Energy Group! Ние сме компанија која нуди целосна услуга за производство на соларна енергија, специјализирана за проектирање и инсталирање на фотонапонски системи на покриви за станбени и комерцијални објекти и на земјени површини. Нашиот тим од искусни професионалци и истакнати експерти-консултанти од областа на енергетика и обновливи извори на енергија е посветен да им помогне на нашите клиенти да преминат кон чисти, обновливи извори на енергија и да понуди широк спектар на решенија за да ги задоволиме уникатните потреби на клиентите и нивните цели. Од првични консултации и анализа на локацијата до финална инсталација и тековно одржување, ние сме со нашите клиенти на секој чекор од патот.